Новата сезона во Премиер лигата стартуваше неславно за фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш.

Тој држи рекорд од 19 порази во низа, кој се протега низ три сезони. Започнува во сезоната 2014/2015 кога за првпат ќе заигра за првата екипа на Астон Вила и ќе забележи два порази. Следната сезона има 16 настапи за клубот, и исто толку порази. Оваа сезона, пак, Астон Вила ја стартуваше со пораз од Тотенхем или вкупно 19-ти за Грилиш.