Тренерот на Јувентус Маурицио Сари откри дека составот му е преширок и треба да остави шест играчи надвор од тимот кој ќе го регистрира во УЕФА за настапите во Лигата на шампионите. Има голема веројатност дел од нив да го напуштат клубот пред завршување на преодниот рок на крајот на месецот. Тренерот зборува и за иднината на Пауло Дибала за кого одамна се зборува дека ќе си оди.

„Читам и не ми се верува. Во медиумите постојано се зборува за играчи кои треба да дојдат во клубот, а кој треба да си одат, наводно по мое барање. А дали некој го погледнал составот на Јувентус? Знаете ли дека морам да тргнам шест фудбалери од списокот за Лигата на шампионите. Тоа е лудо, верувајте. Морам да скратам шест играчи од овој тим што ме става во многу тешка позиција. Последните 20 денови од трансферниот пазар ќе бидат тешки за нас, а повторувам треба да се ослободиме од квалитетни играчи“, изјави Сари кој зборуваше и за иднината на Дибала.

 

„Дибала одработи само два тренинга под мое водство. Рано е да се каже што како со него, знам дека во моментов не е на потребното ниво, но да бидам искрен може да ни заврши работа како лажна деветка. Повторно ќе кажам, треба да тргнам шест играчи. Сакам да ги задржам но не е возможно. Проблемот е што на списокот мораме да ставиме играчи кои пораснале во клубот, а на конечниот список мора да има 22 играчи и тројца голмани“, изјави Сари.