Фото со најдобриот фудбалер на омилениот клуб е желба и сон на секого. Па така и едно 11-годишно момче од Ливерпул се здроби трчајќи да се фотографира со големата ѕвезда на европскиот шампион Мохамед Салах.

11-годишниот Луис Фаулер и неговиот една година помлад брат Ајзек речиси цело лето се шетале околу базата на Ливерпул со желба да се фотографираат со ѕвездата на клубот. Тие го забележале автомобилот на Салах и почнале да трчаат по него. Луис се сопнал и паднал и притоа си го скршил носот. Салах го забележал тоа и му помогнал на момчето и се фотографирал и со него и со неговиот брат.