Ждрепката сакаше уште на стартот од сезоната, во 1.коло Македонија ЃП да му гостува на најтрофејниот клуб, на Вардар. За тоа што може да се очекува од аспект на тимот од Ѓорче на денешниот меч, кој ќе се одигра на ФФМ со почеток во 17:30, свој коментар има стратегот Александар Таневски…

„За нас „лавовите“ Вардар секогаш е мотив повеќе. Добро знаеме против кого играме. Апсолутен респект за четата на мојот колега Васоски. Добро знам дека на пријателските ова лето, Вардар одигра многу добро, иако станува збор за подмладен тим, но има доста искусни и квалитетни играчи. Затоа Вардар е фаворит на хартија. Ние ќе одиме да се надигруваме, ќе играме отворено, со цел да извлечеме поволен резултат, за нас тоа ќе биде и реми. Факт е дека нема да сметаме на Тантуровски, тој ги скина лигаментите и подолг период ќе биде надвор од тимот. Што се однесува до Блажевски, тој ќе биде во комбинација, постои можност денеска да дебитира за нас токму против својот некогашен клуб. Сепак се зависи од развојот на настаните на теренот и од резултатот.Очекувам навистина квалитетно дерби“ посочи Таневски.