Четирикратниот германски шампион Вердер Бремен има нов фудбалер. Бундеслигашот успеа да го донесе турскиот репрезентативец Омер Топрак од редовите на Борусија Дортмунд на позајмица на една сезона со опција за откуп на договорот идното лето. „Милионерите“ од Дортмунд сакаа да го продадат овој фудбалер но откако не успеаја, решија на ова варијатна со позајмица.

Топрак му се приклучи на Дортмунд од Баер Леверкузен во 2017 година, а беше стандарден во првата сезона на „Ветсфален“ меѓутоа минатата сезона запиша само 14 натпревари во сите конкуренции, а ситуацијата стана уште потешка за него по доаѓањето на Матс Хумелс.

Претходно „бременските музиканти“ ги донесоа централниот бек Марко Фридл од Баерн, десното крило Бенјамин Гелер од Шалке и напаѓачот Никлас Фелкриг од Хановер за кого платија најмногу – 6,5 милиони евра.