Ден после 51-иот роденден, денеска почина Дејан Чуровиќ, некогашен фудбалер на Партизан. Тој беше дел од онаа генерација на „црно-белите“ која во 90-тите години од минатиот век просто доминираше во фудбалска Србија. „Црно-белото“ семејство е во така, си замина некогашниот миленик на „гробарите“. Чуровиќ  покрај Партизан играше и во Холандија цели девет години, во екипите на Витесе и Гронинген. Ова се тажни денови за партизановците, пред два дена почина и Фахрудин Јусуфи, членот на најславната генерација на Партизан, која во 1966 година беше втора во Европа.