Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Романката Кристина Дину го освоија ИТФ турнирот во двојки во Хехинген, Германија што се играше за награден фонд од 60.000 долари.

Во финалето Ѓорческа/Дину славеа со 4:6, 7:5, 10:7 против српско-шпанската двојка, Олга Даниловиќ/Георгина Гарсија Перез.

За Македонката ова е четврта титула во двојки годинава откако претходно со друга партнерка, Русинката Анастасија Комардина ги освоија турнирите во Есен, Германија, во Минск, Белорусија и во Гечо, Шпанија, а играа и во финалето на турнирот во Истад, Шведска.