Во последниот меч од 1.коло во нивата сезона, Македонија ЃП во скопското дерби го совлада Вардар со 2:0. „Лавовите“ многу подобро се снајдоа на скопскиот пекол, на стадионот на ФФМ. Вардар во првиот дел беше убедлив, имаше супер шанси, но „лавовите“ преку БожиновсКи поведоа со 1:0. Во финишот на средбата од една контра, Демир асистираше а Емини погоди за 2:0. Убава победа за Ѓорче кое има право да слави, а Вардар може и мора се чини подобро.

БОЖИНОВСКИ ГИ КАЗНИ ПРОМАШУВАЊАТА НА ВАРДАР

На почетокот од мечот Вардар имаше многу убави две шанси, во 11.минута кога по центаршутот на Брдаровски, Жуниор од лево убаво шутираше, но Јовановски одбрани. Седум минути подоцна Ибиши имаше зицер, од само 7-8 метри шутираше над голот. И тогаш дојде казната на друта страна, Демир во 21.минута убаво од лево го пронајде Божиновски а овој со прекрасен шу со глава му носи водство на гостинскиот тим од 1:0. Мицевски во финишот на првиот дел ја погоди стативата, и тоа беше се. Вардар со многу шанси, а Македонија ЃП со водство.

ДИМОВСКИ СО „БОМБА“ ЗА ВОЗДИШКИ, ЕМИНИ ГАЃА ЗА 2:0

И во продолжение од средбата иста слика на теренот. Вардар напаѓа и напаѓа. Во 53.минута нововлеземиот Димовски, кој има само 17 години, испрати „бомба“ од далечина, но топката ја погоди само надворешниот дел од конструкцијата на голот. Тренерот на вардарци Васоски до 65.минута внесе во игра тројца свои нови играчи, но израмнување нема, па нема. На другата страна Нето имаше идеална шанса за 2:0, се направи добро, освен завршницата на оваа акција. Не мина ни една минута, поточно во 74.и Едуардо Карваљо имаше зицер, но Гачевски спаси 0:2 за гостите. Во последните минути Брдаровски и Аврамовски се закнија, но нивните удари завршија високо над голот на „лавовите“. Се играше 89.минута кога Демир центрира до Емини, а овој од 5-6 метри погодува за 2:0. Да споменеме дека во финишот на средбата, во игра кај гостите влезе и Дејан Блажевски, екс играчот на Вардар.

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2 (0:1)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Божиновски 21., Емини 89. (МАК). Ж. Картони: Цветановски, Димовски (ВАР), Божиновски, Воша (МАК).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Жуниор, Новак, Серафимов (62.Серафимов), Мицевски, Брдаровски, Аврамовски, Адем (46. Димовски), Ибиши (65.Колевски), Цветановски.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Фернандо, Нето, Личина, Божиновски, Пецов, Демир, Воша (72. Трајкоски), Адем (90. Блажевски), Емини, Едуардо Карваљо (80. Филиповски)