Филипе Кутињо е новото засилување за Баерн Минхен според спортскиот новинар Бруно Андраде, кој открива дека Баварците и Барселона се во финални преговори за Бразилецот.

Кутињо се сели во Минхен без отштета, а до крајот на сезоната клубот би можел и да го откупи. Баерн е обврзан да му ја дава годишната плата од 11 милиони евра.

Кутињо минатата година во јануари дојде до Ливерпул во Барселона за рекорден трансфер, но имаше пад во формата и се најде на удар на навивачите кои бараа да го напушти клубот.

Бразилецот беше поврзуван со трансфер во Арсенал или во Тотенхем, но кој оди во Баерн Минхен и е второто засилување за тимот, откако вчера го договорија и Иван Перишиќ, кој доаѓа на позајмица од Интер.