Машките одбојкарски национални тимови на Бразил, САД, Италија, Полска, Русија и Аргентина му се приклучија на организаторот Јапонија на Летните Олимписки игри во Токио 2020.

Шестте репрезентации успешно ги минаа интерконтиненталните олимписки квалификации, кои се играа изминативе денови на шест различни турнири низ светот и тие се првите кои ги „букираа“ билетите за Олимпијадата.

Остануваат уште пет слободни места, кои се резервирани за континенталните шампиони, а кој ќе го добие билетот од Европа ќе биде познато веќе во септември по завршувањето на Европското првенство.