Нико Ковач, стратегот на Баерн Минхен добива големо засилување и тоа во името на својот сонародник Иван Перишиќ. Офанзивецот на Интер во следната сезона ќе игра за баварскиот гигант, и тоа како позајмен играч. Како што информираат од Минхен, Перишиќ веќе ги минал лекарските предледи, часови го делат од потписот и официјалната промоција. Ако се биде како што треба, тогаш Хрватот веројатно своето деби за првакот на Германија ќе го има веќе во петок.