Пу, пу не важи! Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан после поразот од Рома  на пенали откако во регуларниот дел беше 2:2 изненади со изјавата околу иднината на Герет Бејл и Хамес Родригез. Претходно јавно зборуваше дека не смета на двајцата и даде зелено светло на клубот да ги продаде, но сега ја сврте лентата и вели дека тие му требаат.

Хамес и Бејл се дел од екипата. Иако се може да се случи до крајот на преодниот рок, но тие се играчи на Реал и јас сметам на сите фудбалери што ми се на располагање“, изјави Зидан.

Неодамна за Бејл зборуваше дека „што побргу замине тоа подобро за Реал“.

А Родригез беше поврзуван со Наполи, меѓутоа италијанскиот клуб се повлече од трката, па Колумбиецот остана во Реал и не е јасно дали некој друг во меѓувреме ќе се појави и ќе прати понуда за него. За Бејл нема интерес. Се зборуваше за Јунајтед и за враќање во Тотенхем но ништо од тоа.