По фијаското во првото коло од новата сезона во француската Лига 1 (0:3 од Лион), Монако реши да ја активира клаузулата на напаѓачот на Севиља Висам Бен-Једер, да го донесе овој 29-годишен голгетер во своите редови и да го реши офанзивниот ред. „Екип“ тврди дека сумата за трансфер изнесува 40 милиони евра, а францускиот напаѓач доаѓа во Монте Карло да стави потпис на петгодишен договор.

Минатата сезона Бен-Једер беше еден од најдобрите во Севиља, одигра 35 натпревари и реализира 18 голови и запиша 10 асистенции.

Минатата недела Монако имаше обид да го купи Бен-Једер, меѓутоа нивната понуда од 20 милиони евра плус Рони Лопес беше одбиена. Сега се одлучи за кеш.

А францускиот напаѓач претходно ја одби понудата на кинескиот Пекинг Гуан кој му нудеше месечна плата од 1 милион евра со образложение дека сака да остане да игра во Европа. Инаку пред да оди во Севиља, Бен-Једер играше за Тулуз. Во Европа неговото име го запамтија после мечот од минатата сезона во осминафиналето со Манчестер Јунајтед кога постигна два гола за Севиља на „Олд Трафорд“ и го однесе својот тим во четвртфиналето.