Денеска со уште четири натпревари ќе се затвори 1. коло од германскиот Куп по што ќе биде извлечена ждрепката за 2. рунда. Досега имаше само едно изненадување, елиминацијата на Аугзбург од четвртолигаш Верл, а вчера малку фалеше Келн и Хамбургер да испаднат од нисколигаши (славеа на пенали).

Вечерва ќе го видиме и Баерн Минхен. Актуелниот шампион гостува на истокот на Германија кај Енерџи Котбус. Членот на регионалната лига сонува за уште една голема сензација присетувајќи се на март 2008 година кога на свој терен го кутнаа славниот Баерн со 2:0.

Но тоа беа други времиња, Котбус играше во Бундес лигата, а од тогаш се сменија многу работи. Баерн е гигант на германскиот и европскиот фудбал, а Котбус сега игра во регионалните лиги. Финансискиот колапс го утепа па мораше да почнува одново. Да потсетиме дека Котбус ги има и едни од најлошите навивачи во Германија, припадници на десните сили и често на натпреварите има инциденти. Полицијата во областа Бранденбург презема засилени контроли и високи мерки за безбедност за гостувањето на најтрофејниот германски клуб во Котбус.

Инаку Котбус ја почна сезоната со две победи (3:1 и 5:2) но и еден убедлив пораз (5:2). Баерн го загуби Суперкупот но потоа имаше едно загревање против аматерскиот тим Ротах-Егерн кого го демолираа со 23:0.

Што да се каже за вечерашниот дуел. Котбус сонува но нема да го исполни сонот. Баерн е преголем залак и се освен убедлива победа на шампионот би била сензација.

А може ли домашниот тим барем до гол? Може, па би пробале тоа.

 

ГЕРМАНСКИ КУП

Е.КОТБУС – БАЕРН М.
понеделник, 20:45 ч.

ПРЕДЛОЗИ
ТМ 1  1+               2,10
ГГ3+       2,50
*квотите подлежат на промени