Илија Несторовски попладнево имаше добар настап за својот нов тим Удинезе. Тој на пријателскиот меч против нискологашот Сан Луиџи, постигна два гола, во 30.и 34.минута. Инаку крајниот резултат беше 9:2 за тимот од Фриули. Интересно е тоа што Тудор, стратегот на Удинезе, мечот го почна во формација 3-5-2, со Теодорчук и нашиот Несторовски во шпицот.