Пари Сен Жермен ја отворија новата сезона во француското првенство со победа над Ним со 3:0 и со тоа најавија дека повторно ќе се шетаат во домашното првенство. Но она што беше впечатливо на „Паркот на принцовите“ беа транспаренти со навредливи пораки за најскапиот фудблаер во историјата, а покрај тоа се пееја и песни против Бразилецот.

„Нејмар, ти к*чкин сине“, му пееја од трибините на стадионот во Париз. Бразилецот со своето однесување и со честите испади и коментари дека сака да си оди од ПСЖ и сака назад во Барселона го навлече гневот на навивачите.