Некогаш славниот италијански клуб од Сицилија, некогаш „македонскиот“ Палермо поради Несторовски и Трајковски, се соочува со големи проблеми. Клубот на Маурицио Зампарини едвај „дише“. Тој е казнет поради финансиски малверзации, и во следната сезона во Сериа Б ќе почне со минус 20 бодови.

Но, Палермо има вистински фанови, кои без разлика на се знаат да го бодрат. Па така на првиот тренинг дојдоа повеќе од 500 фанови кои направија убава атмосфера.