Францускиот централен бек Елаким Мангала се врати во Шпанија. Корпулентниот бек дојде во Манчестер Сити од Порто во 2014 година за речиси 40 милиони фунти, меѓутоа неговиот трансфер беше кошмар за „граѓаните“. Фудбалерот не покажа ама ништо, плус повредите си го сторија своето, па почесто беше на клупата отколку на терените. Во сезоната 2016/17 играше како позајмен за Валенсија, а пролетниот дел од минатата година и за Евертон каде не помина добро затоа што на дебито го повреди коленото и мораше да се оперира. Се врати во Сити но за него нема место, па Сити реши да го прати на нова позајмица со цел да ја врати формата.

Мангала повторно ќе игра за Валенсија. Сити го испрати на позајмица на една сезона, а се согласи да ја намали цената за трансфер доколку шпанскиот клуб се одлучи идното лето да го откупи неговиот договор.

А ова е добар потег на Валенсија откако им пропадна шансата да го ангажираат бекот на Алавес Виктор Лагуардија.