Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за него ова лето но ништо не излезе од тоа. Ињаки Вилијамс реши да го продолжи договорот со Атлетик Билбао со тоа што стави потпис на нов, деветгодишен договор со клубот според кој се обврза да остане до 2028 година.

Шпанскиот фудбалер сега има откупна клаузула од 135 милиони евра, па на другите ќе им биде тешко сега да го ангажираат овој фудбалер роден во Билбао.

Ињаки ја почна кариерата во малиот баскиски клуб Басконија, но во 2014 година премина во Атлетик Билбао каде игра стандардно. Овој напаѓач има и еден настап за сениорската шпанска репрезентација.