Пауло Дибала беше пред преселба во Манчестер Јунајтед, меѓутоа Аргентинецот одбиваше да се пресели на „Олд Трафорд“, па „Црвените ѓаволи“ се повлекоа од преговорите со италијанскиот шампион. Аргентинецот имаше голема шанса да заигра за славниот Јунајтед меѓутоа реши да не мрда од Јувентус. Потоа беше поврзуван и со Тотенхем и пак зделката пропадна.

А поранешниот ас на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд упати критики до Дибала, а истовремено е среќен што неговиот омилен клуб не го донел Аргентинецот.

Не е прв, а ни последен. Многу фудбалери го одбивале Јунајтед низ годините и одбирале други клубови. Но не ми е јасно зошто одби да игра за Јунајтед и одбра да остане во Јувентус каде очигледно не сметаат на него. За што, да води инает и да седи на клупата? Па тој треба да игра. Кој знае што си мисли? Можеби си мисли, сакам да бидам дел од Лигата на шампионите па дури и да седам на клупа… Подобро тоа отколку да играм за Манчестер (Јунајтед нема да настапува во елитната европска лига)“, вели Фердинанд.

Искрено, мило ми е што вака се заврши – што не дојде во Манчестер. Според мене и не заслужува да го носи црвениот дрес. Јас сакам да видам играчи кои ќе дојдат на ’Олд Трафорд’ со мислата како да помогнат Јунајтед повторно да биде на врвот“, вели поранешниот англиски репрезентативец.