Се „тресе“ во Шкендија, нешто вообичаено кај големи клубови, па макар и за наши услови, кога нема резултати.Па така денеска во Тетово се шпекулираше со заминување на тренерот Османи и претседателот Беџети. Место Ќато на клупата би седнал Билбил Соколи, екс тренерот на Шкендија, Милано, Ренова.

Иако има и други кандидати, но сепак Османи и натаму фигурира добро кај спонзорот. Инаку се уште не се знае кој ќе го наследи пак Висар Беџети во претседателската фотеља. Во текот на денот имаше гласини од Тетово дека раководството на клубот решило дури на петтмина играчи да им ги раскине договорите. Нивните имиња се држат во тајност, но списокот до кој дојде „СПОРТМЕДИА“, се разбира ако е точен, навистина е интересен.