Српската репрезентација која е дел од Европското екипно првенство во атлетика (трета лига) во Скопје, обвинува дека финскиот судија Аеро Кулмала, ги оштетил со дисквалификација по завршувањето на трката 4х400м. Со тоа Србија го загубила првото место во генералниот пласман кое сега му припаѓа на Исланд, а кое води во повисок ранг на натпреварувања.

Причината за ваквата одлука е што во последните 80 метри од трката, српскиот атлетичар Бошко Кијановиќ при претекнување на противникот од Молдавија доаѓа до контакт со него иако не е виновен тој, туку Молдавецот, кој прави чекор во десно и е причината за контактот со Србинот.

Интересно е што овој делегат во саботата ја дисквалификувал и Катерина Илиќ, уште една српска репрезентативка, која се тркаше на 400 метри со пречки.