Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, денеска во просториите на КФСМ имаше пријателска посета од својот поранешен соиграч Бранко Лазиќ.

Лазиќ е капитен на Црвена Звезда, шампионот на Јадранската лига и на Србија. Тие заедно играа во црвено-белиот во сезоната 2017/2018 која беше и последна сезона како играч на Антиќ.