Репрезентацијата на Исланд е победник на тимското Европско првенство – 3. лига што викендов се одржа во Скопје. Исланѓаните освоија 430 поени или три повеќе од селекцијата на Србија која заврши на второто место. Со тоа Исланд избори пласман еден ранг погоре.

Репрезентацијата на Македонија заврши на седмото место со 263 поени. Вкупно на шампионатот учествуваа 13 репрезентации.

Македонија максимални 13 поени собра во дисциплините 100 метри и 200 метри во машка конкуренција (Јован Стојоски триумфираше во двете дисциплини) односно 400 метри со пречки во женска конкуренција (победи Дрита Ислами).