Според „СПОРТМЕДИА“ Сашко Пандев, офанзивецот на Академија Пандев е играчот на колото. Капитенот на „пандевци“ со прекрасен шут од слободен удар ја урна Шкендија, и му донесе триумф на својот ден. Ќе признаете, шампионот не се победува секој ден. Покрај него од А. Пандев во тимот на колото се е феноменалниот голман Чубраковиќ и стоперот Маслаќ.

Од Македонија ЃП, тим кој го победи Вардар секако дека тука се асистентот на двата гола Демир, потоа Божиновски и Нето. Од Струга Трим Лум ги извдвоивме Рамадани и Мустафов, додека од Ренова стрелецот на прекрасниот и победнички гол на „гипсарите“ против Силекс,Башким Велија. И на крај, од тимот на Шкупи, кој славеше над Борец, во тимот на колото се Јурина и Адили.

ИГРАЧ НА КОЛО: САШКО ПАНДЕВ

Тим: Академија Пандев
Роден: 01.05.1987 во Струмица
Кариера: Беласица, Динамо З, Интер Запрешиќ, Меѓугорје, Работнички, Хоризонт Т, Ренова, Мугхан, А. Пандев.