Е тоа се вика за малку, за немање доволно среќа. Имено со 25 денари уплата во „Моцарт“, еден наш сограѓанин за малку ќе добиел 277.615 денари, и тоа на двојки од нашата Прва лига. И тоа „паднал“ на најмалиот коефициент.

Играл 1-1 на мечот Шкупи – Борец, да, чаирчани победија, но со головите во второто полувреме на Јурина и Гоудиаби. А погодил Вардар – Македонија ЃП (2-2), потоа точна била неговата прогноза дека  Струга Трим Лум – Работнички ќе заврши Х-1, тука на полувреме беше 1:1, на крај 2:1 за стружани. Ренова – Силекс играл 1-1 и погодил, имено тетовци голот го постигнаа во првиот дел за конечни 1:0.

И на крај играл Х-1 на дербито во Струмица, каде беше 0:0 на полувреме, а потоа Сашко Пандев од слободен удар погоди за конечни 1:0 во продолжение од средбата.