Велешани се чини дека може да здивнат, и ќе можат да го гледаат својот Борец во Првата лига. Имено денеска Здружението на прволигаши, се сложи со предлогот на Борец, теренот со вештачка трева да биде строго контролиран за време на натпреварите во овој период кога е пеколно топло. Имено пред натпреварот, за време на паузата, на полувремето постојано ќе се истура вода и ќе се контролира висината на температурата. Задолжени ќе бидат неколку пожарникарски возила, се мора да биде според прописите.

Едноставно никој од прволигашите не сака на Борец да му го одземе правото да игра дома а на велешани да следат прволигашки фудбал по цели 15 години. Сега останува само надлежните комисии на ФФМ да дадат и официјално „виза“.