Иван Волкановски (20 год, 209 см), младинскиот репрезентативец на Македонија е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша тригодишен договор со клуб.

Како што велат од македонскиот шампион, ова е своевиден влог во иднината, со оглед што станува збор за талентиран центар кој воедно е и еден од највисоките македонски кошаркари во моментов. Тој доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.

Волкановски е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот.

На 15 август екипата ги почнува подготовките за новата сезона.