Фудбалерот за врска Танги Ндомбеле премина од Лион во Тотенхем за фантастични 60 милиони евра. Но целата сума не заминала на сметката на „лавовите“ туку дел од парите требало да завршат на сметката на матичниот клуб на Ндомбеле – Амиен.

А овој француски клуб за малку ќе останел без дел од парите што им следуваат. Имено, хакери пробалем да им украдат околу 2.000.000 евра од вкупните 12.000.000 колку што им припаднале како процент од трансферот на одличниот играч во Премиер лигата. Инцидентот се случил на 3. август додека Амиен играл пријателски натпревар со Леганес.

Додека тие играле хакери го нападнале клупскиот сервер и уфрлиле лажни фактури на кои била посочена сметка во Шпанија. Но нападот бил забележан од клупскиот менаџмент и преносот на парите бил блокиран.

Клупскиот менаџмент бил свесен дека нешто не е во ред со серверот на клубот па го надгледувале постојано. Хакерите, кои не се идентификувани, пробале да украдат пари и од трансферот на Ноам Емеран кој неодамна преминал во Манчестер Јунајтед.

Клубот го пријавил случајот во француската полиција која отвори истрага. Ваква слична интернет измама доживеа Лацио пред една година. Но тогаш хакерите успеале да извлечат 2.000.000 евра од сметката на римскиот клуб при трансферот на дефанзивецот Стефан де Фрај.