На социјалните мрежи на профилите на таканаречените „ултраси“ или најстраствените фудбалски навивачи се појави интересна фотографија.

Најекстремните фанови на Лестер Сити се погрижија на почетокот на Премиер лигата и дуелот со Вулверхемптон (0-0)  да имаат одлична кореографијата на трибините. Но меѓу огромниот транспарент што се крена во секторот резервиран за најголемите приврзаници на „лисиците“, се истакна една глава и тоа на постара дама.

Бабата, која некако „залутала“ на оваа трибина очигледно е дека ја скинала убавата кореографија за да ги гледа настаните на теренот. Или барем така се шегуваат на социјалните мрежи.