На сагата околу Нејмар и се гледа крајот. Според последните информации, челниците на Барселона веќе се во Париз каде треба да ги почнат преговорите за Бразилецот. Делегацијата на шпанскиот тим ја сочинува директорот Ерик Абидал, кој ќе оствари средба со спорткиот директор Леондардо.

И Лионел Меси тргна во офанзива за Нејмар за конечна реализација на трансферот во Барселона. Според Марка, аргентинскиот репрезентативец веќе двапати телефонски контактирал со Бразилецот. Меси го замолил Нејмар за уште малку трпение и да не влегува во преговори со Реал Мадрид, туку да се фокусира на доаѓање во каталонскиот гигант.

Во текот на денешниот ден или најдоцна утре ќе бидат познати деталите околу преговорите меѓу двата тима.