Бујар Ислами, младиот стратег од Кичево, кој долги години беше во стручниот штаб на Ренова како помошник, конечно доби шанса сам да ја води екипата од Џепчиште. По заминувањето на Џиџи Илиевски, и по заминувањето на 8-9 играчи од ланскиот состав, Ислами ја доби довербата од страна на челниците на клубот.

„Реков и тогаш, сега и ќе повторам, не се плашам од предизвикот. Дојдов во малку незгодно време, си заминаа голем број играчи, донесовме исто така голем број, но со напорна работа се чини успеавме да го консолидираме и воиграме тимот. Имавме одлични подготовки, одлични резултати, победивме на стартот еден силен Силекс, и јас морам да кажам дека сум преадоволен. Почнавме добро, само така и да продолжиме“ вели Ислами за „СПОРТМЕДИА“.

 

УШТЕ СТОПЕР И „ВЕЗЊАК“ И ТОЛКУ…

„Има некои моменти кои треба да се поправат, еве сега правиме напор до 31 август кога трае преодниот рок да донесеме еден класичен дефанзивец, и еден играч за врска. Не велам дека нема квалитет, но клупата ни е „тенка“, долго е првенството и ќе мораме малку да ја зголемиме конкуренцијата. Во однос на амбициите, тука нема дилеми. Наша приоритетна цел е да завршиме најмалку во средината на табелата, да низ добри и квалитетни игри освојуваме бодови. Е сега ако ни се укаже шанса за нешто повеќе, секако дека ќе ја зграпчиме. Инаку на крајот да кажам дека очекувам супер-интересно првенство, освен Шкендија сите сме тука со квалитетот. Со победа си горе на табелата, со пораз си меѓу последните. Јас верувам во Ренова, во нашиот клуб, со напорна работа на сите мислам дека оваа сезона за нас ќе биде успешна“ заврши Ислами.