Македонската фудбалска репрезентативка Гентијана Рочи е нов член на тимот на Купс. Рочи останува во Финска откако настапуваше за екипата на Јупк претходно, а сега ете му се приклучи на далеку поквалитетниот тим на Купс. Таа своевремено беше дел од тимот на Баер Леверкузен, а во домшниот шампионат настапуваше за екипите на Наше Такси и Борец.

„Потшишав на една година со тимот на Купс, со можност соработката да се продолжи на уште една година. Мислам дека направив добар избор, иако имав понуди да се вратам и во Германија и да настапувам во шампионатот на Норвешка. Сепак, на крајот се одлучив да останам во Финска и мислам дека не погрешив. Тука шампионатот е во полн ек, и веќе настапувам за тимот. Се надевам дека со голови ќе ја оправдам довербата“ – изјави Рочи за Спортмедиа.