Дербито на 2.коло во ПМФЛ, во кое се среќаваат Работнички и Шкупи, закажано е за в сабота со почеток во 17 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“.

Само овој меч се игра ден порано за разлика од останатите, и тоа поради преносот на ТВ на Арена Спорт и МРТВ. Другите средби од 2.коло во ПМФЛ се играат во недела, а се среќаваат Силекс – Шкендија, Борец – Вардар, Македонија ЃП – Академија Пандев и Ренова – Струга Трим Лум.