Челниците на Барселона веќе се во главниот град на Франција каде ги почнаа преговорите за Нејмар, кој пред две години го напушти каталонскиот тим за 222 милиони евра и постана најскапиот фудбалер во историјата.

Пред два дена се чинеше дека Бразилецот е близу до потпис со Реал Мадрид, но работите се променија. Секако желбата на Нејмар е Барселона. За неговите услуги челниците нудат 100 милиони евра, Иван Ракитиќ и Кутињо, но францускиот првак има друга желба.

Според неофицијални извори ПСЖ го сака Нелсон Семедо. Младиот португалски фудбалер кој дојде во Барселона од таборот на Бенфика за 35 милиони евра не е на продажба, но останува да се види дали оваа одлука ќе биде променета.