Благојче Иванов е новата аквизиција на тимот на Победа Прилеп. Младиот голман, инаку македонски младински репрезентативец до 19 години заминува во второлигашот иако веќе летово стана дел од тимот на Тиквеш.

Но, конкуренцијата во Александар Игески го нетера младиот Иванов да се пресели во Победа, каде што реално и ќе има далеку поголема минутажа.

„Се решив на ваков потег затоа што мислам дека во моментов најважно ми е да бранам. Во Победа сигурно ќе имам шанса за такво нешто. Не очекува тешка сезона, се знае која е Победа без разлика во каква ситуација се наоѓа клубот. Јас сум подготвен да дадам се од себе и да му донесам на клубот многу бодови и позитивни резултати“, ни изјави Иванов.