Украинецот Олекси Середа е најмладиот скокач во историјата кој има освоено европска титула во скокови од даска, со само 13 години. Тој го урна рекордот на Том Далеј, кој европско злато освоил со 13 години и десет месеци, додека Середа е три месеци помлад од него.

Украинецот имаше вкупно 488.85 бодови, додека на втората позиција се најде Бенјамин Ауфрет, а трет е Руслан Терновој.

Середа пред три недели на СП во Гванжу заврши на четвртата позиција. Тој се подготвува за настап на ЛОИ во Токио следната година, на кои ќе може да настапи бидејќи до тогаш ќе наполни 14 години.