Лионел Меси тргнува во офанзива за Нејмар конечно да го реализира трансферот во Барселона, односно според пишувањето на Марка, аргентинскиот репрезентативец веќе двапати телефонски контактирал со Бразилецот. Меси го замолил Нејмар за уште малку трпение и да не влегува во преговори со Реал Мадрид, туку да се фокусира на доаѓање во каталонскиот гигант.

Поддршката на Меси се смета како клучна во преговорите на Барселона и ПСЖ, со оглед на тоа дека каталонското радио тврди дека се досега околу трансферот на Нејмар беа шпекулации, а денеска двата клуба седнуваат на преговарачка маса за да ја договорат иднината на Бразилецот.