По ден одмор машката кадетска репрезентација на Македонија, попладнево (16:30 часот) против Русија ќе ја стартува втората фаза, разигрување за пласман, на Европското првенство за кошаркари до 16 години во Удине, Италија.

Нашите кадети имаа одличен настап во групната фаза со два несреќни порази од Шпанија и Израел, додека се радуваа во мечот со Летонија, и настапот во групата Б го завршија на третата позиција.

Тоа не донесе на мегдан со Русите попладнево, а победа над нив значи и опстанок на Македонија во елитата, а потоа и борба за пласман до осмото место на СП, каде ќе го чекаме подобриот од средбата меѓу Турција и Босна и Херцеговина.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија може да го следите на овој линк.