Македонските интернационалци, Тихомир Костадинов и Милан Ристовски имаа различен викенд со своите екипи во првенството во Словачка, но и двајцата се најдоа во идеалниот тим по 4. коло.
Костадинов и Ружомберок на домашен терен беа совладани од Жилина со 2-3. Но екс-капитенот на нашата репрезентација до 21 година со гол асистенција беше најдобар во својот тим.

За разлика од него, Ристовски и Нитра пред својата публика го совладаа Серед со 3-2, македонскиот фудбалер беше стрелец на вториот и третиот гол. За тимот на Ристовски ова беше прва победа во новата сезона, откако стартуваше со три порази во низа.