Македонската женска селекција до 14 години денеска заминува за Словењ Градец, Словенија каде ќе земе учество на меѓународниот турнир Slovenia Ball.

Селекторот Никола Златев и неговите избранички се во групата Б заедно со Хрватска, Унгарија, Летонија и Украина, додека во групата А сместени се селекциите на Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Полска и на Словенија.

Првиот меч нашите девојки го играат на 15 август против Хрватска, а потоа против Унгариха, следниот ден ќе ги одмерат силите со Украина и со Летонија.

Со македонската селекција во Словењ Градец отпатува и младиот судија, Кристијан Филиповски.