Пишува: Марија Ковачева

Додека нашата репрезентација до 16 години настапува на Европското првенство А Дивизија во јавноста излезе информација дека синот на некогашниот претседател на КФСМ, Петар Нумоски, Михал, добил покана да настапи за националниот тим на Италија, исто до 16 години.

Оваа вест, но и самиот факт дека во конечниот состав на селекторот Денис Дервишевиќ не се најдоа Михаил Наумоски и Дино Боцевски, отворија сомнежи околку изборот на најдобрите.

„Спортмедиа“ веднаш се обрати во КФСМ да ги расчисти сите дилеми (ако ги имаше) околку двајцата кошаркари, но и сите оние млади талентирани надежи.

„И двајцата кошаркари беа уредно поканети од страна на федерацијата и од страна на селекторот Денис Дервишевиќ. Јас лично неколку пати зборував со Петар Наумоски, го молев Михаил да се појави на тренинг. Направивме се што можевме да им се приклучат на своите врсници.

И Михаил и Дино Боцевски поседуваат голем квалитет, станува збор за талентирани кошаркари кои сакавме да настапат на Европското првенство А дивизија. Веруваме дека во иднина истите ќе прераснат во носители на играта и во нашиот најдобар национален состав“, вели спортскиот директор, Тодор Гечевски за „СПОРТМЕДИА“.

Гечевски не крие дека до КФСМ стигнало писмо од Италија, федерацијата на оваа земја побарала дозвола за настап на Наумоски во нивниот дрес. И за ова прашање челниците на нашата „куќа на кошарката“ имаат јасен став.

„Нути еден кошаркар нема да добие дозвола, барем додека ние ја водиме федерацијата за настап во дресот на друга репрезентација. Италија веднаш беше одбиена, сметаме дека овие кошаркари треба да играат за Македонија, имаме одлични услови, ние за бориме за иднината на нашата кошарка“, вели Гечевски.

Што се однесува до понатамошниот тек на случајот Наумоски и Боцевски, КФСМ не размислува на суспензии.

„Нема да ги суспендираме, тоа не е наш начин на работа. Веруваме дека ќе ја увидат грешката и во иднина ќе го носат дресот на нашата репрезентација“, додека легендарниот кошаркар, кој заедно со Антиќ ќе се борат за подобра иднина на мак-кошарката, особено во младите категории, што пак беше една од нивните главни цели во програмата.