Лудница на реваншите од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. ЛАСК Линц го пројде Базел, а романскиот Клуж го совлада Селтик на славниот „Селтик парк“ со гол во 97 минута, а Краснодар го елиминира Порто со победа на „Драгао“ со 3:2. Звезда во драматичен пенал рулет го исфрли Копенхаген после 22 шутирани пенали на „Паркен“ стадионот.

Австрискиот ЛАСК Линц покажа дека не се шегува. После долго време игра во Лигата на шампионите и веднаш покажа дека има капацитет за големи работи. Го победи најдобриот швајцарски клуб и редовен учесник на ЛШ Базел на гости, а вечерва и дома со идентични 2:1. Ранфетл го доведе ЛАСК во предност во 59. минута, а изедначи Кемал Адеми во 80. минута. Но сите надежи на Швајцарците ги урна Гојгингер во 89 минута, а конечните 3:1 ги постави Рагуз во 91 минута од мечот.
ЛАСК во плеј-офот пред групната фаза ќе игра против Бриж кој го елиминира Динамо Киев.

ТУКУДЕАН ГО РАСПЛАКА „СЕЛТИК ПАРК“
Селтик од Романија однесе 1:1 и вечерва на свој терен требаше да победи за да се пласира понатаму. И имаше предност од 2:1, па 3:2 до 80 минута, а потоа колата тргна низ брдо. Омрани изедначи на 3:3, а Тудудеан во седмата минута од продолжувањето на мечот ја обезбеди победата на Клуж со 4:3, па романскиот првак ќе го гледаме во плеј-офот.

 

„БИКОВИ“ ТРЧАА НА „ДРАГАО“
А шокантен резултат во Порто. Краснодар по 34 минути игра имаше предност од 3:0 со головите на Вилена и два на Сулејманов. Во вториот дел Зе Луис и Диаз намалија меѓутоа не стигнаа до уште еден гол. Да потсетиме Порто победи во Русија со 1:0, но сега испадна поради тоа што гостите победија со повеќе дадени голови на гостински терен. Порто првпат после 10 години нема да ги види групите на Лигата на шампионите.

АЈАКС СО ТРИ ПЕНАЛИ ГО ЕЛИМИНИРА ГРЧКИОТ ПРВАК
А Ајакс го елиминира грчки ПАОК и тоа благодарение на пенали. Го победи вечерва со 3:1 иако губеше до пред крајот на првото полувреме. Бисесвар постигна одличен гол за грчкиот првак, потоа Душан Тадиќ промаши пенал, но српскиот репрезентативец го погоди другиот пенал, во 43 минута. Во вториот дел играа само домашните Таљафико погоди за водство на Ајакс, а по него Тадиќ реализира уште еден пенал за конени 3:1. Да потсетиме дека првиот меч во Солун заврши 2:2.
Ајакс за место во групната фаза ќе се бори со кипарски АПОЕЛ кој денеска го исфрли Карабах.

ЗВЕЗДА ХЕРОЈСКИ ГО ИЗДРЖА ДАНСКИОТ ПЕКОЛ

Црвена Звезда е во плеј-офот откако вечерва во драматична завршница го елиминира Копенхаген. Во данската престолните резултатот беше ист како и во Белград 1:1.

Звезда дојде во водство со голот на Ричмонд Боачи во 17. минута, но изедначи Ндоје во 45 минута. Во вториот дел српскиот првак остана без Милуновиќ кој доби црвен картон, а Данците имаа неколку добри шанси и удари кои ги одбрани голманот Борјан. Во продолженијата резултатот не се смени па се отиде кон изведување на пенали.

Во пенал-рулетот се шутираа дури 22 пенали! Звезда победи со 7:6 откако во последната серија Панков погоди, а Борјан го одбрани шутот на Винд.