Репрезентацијата на Македониај до 16. години на чело со селекторот Драган Канатларовски ги одигра двата пријателски мечеви со соодветната селекција на Обединетите Арапски Емирати.
На првиот меч кој патем се играше во Белград загубивме со 2:1, додека пак, на вториот кој се играше денеска забележавме победа од 3:1. Стрелци на головите за нашата селекција беа Абдули, Елези и Стојановски.
„Секако дека во преден план за овие два меча ни беа воигрување, запознавање меѓусебно и секако дружбата со младите фудбалери. Задоволен сум од прикажаното, од залагањето во овие неколку дека како и од пристапот на репрезентативците кон националниот дрес, а во следниот период исто така напорно ќе работиме за да го подигнеме нивото на скалило погоре“, вели селекторот Драган Канатларовски.