Работнички потпиша професионален договор со младиот и талентиран фудбалер Методи Максимов. Тој стави потпис за тригодишна соработка со „романтичарите“.

Младиот офанзивец беше еден од најдобрите во младинската школа, репрезентативец во селекциите до 18 и до 19 години и оваа сезона доби шанса да биде дел од сениорскиот состав што го предводи Александар Влахо.