Челниците на Милан се решени во своите редови да го донесат играчот на Спортинг, Бруно Фернандез, а тоа го потврдува нивната последна понуда до португалскиот клуб.

Спортинг бара 70 милиони евра за фудбалерот, а Милан нема толку пари, но затоа нуди 30 милиони евра како и двајца фудбалери, Андре Силва и Сами Кастилејо за услугите на Фернандез.

Спортинг веќе ги одби Манчестер Јунајтед и Тотенхем бидејќи нивните понуди не ги задоволуваа барањата, па останува да видиме каков ќе биде одговорот за понудата на Милан.