Бутел потпиша нов играч. Станува збор за левиот бек Христијан Милошески, кој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој тим. Милошески настапуваше во Филип Прилеп, беше дел и од вториот тим на Вардар, а минатата сезона го носеше дресот на Работнички.

„Сакам да изразам благодарност до Бутел за укажаната можност. Среќен сум што во наредните години ќе го носам дресот на овој тим, но исто така и среќен што ќе соработувам со одличен тренер и одлични, искусни играчи. Своето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, но и ќе работам напорно за што е можно повеќе да се надоградам како ракометар. Се надевам дека ќе добијам шанса да се докажам, да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања“, вели Милошески за официјалната страница на тимот.