Како се менуваат работите, и тоа само за една година. Адил Рами лани ова време беше на седмо небо, беше светски првак  со Франција, со него беше некогаш една од најпосакуваните жени во светот Памела Андерсон, играше во Марсеј. Но за само неколку месеци се се смени.

Прво го остави Памела, а од пред неколку денови нема клуб, Марсеј му врачи отказ и тоа од бизарни причини. Имено тој не тргнал со подготовките на својата екипа, пријавил повреда. Но по неколку денови е виден како на едно ТВ шоу изведува глупости. Кога тоа го виделе челниците на Марсеј веднаш го избркале 33 годишниот Адил Рами, кој во својата кариера има играно и за Валенсија, Милан, Севиља, Марсеј.