Младите спортисти се во центарот на вниманието. Вкупно 36 талентирани кошаркари, членови на младите репрезентации ќе добијат стипендија од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Начинот на изборот секако оди преку КФСМ. Селекторите задолжени за нашите надежи им доставуваат список на челниците на нашата „куќа на кошарката“, поточно ги бираат најталентираните играчи.

Во начинот на доделување на овие стипендии ќе има измена, сумата која се движи од 50 до 100 евра ќе ја добијат помладите кошаркари, кои немаат професионален договор. Значи станува збор за членови на репрезентациите под 18 години.

„Стипендиите ќе ги добијат најталентираните кошаркари, без разлика дали играат во Македонија или пак надвор. Има измена тоа ќе бидат оние деца кои немаат професионален договор, што пак мислиме дека е коректно, бидејќи останатите играчи кои имаат професионален договор веќе добиваат одредена сума од страна на клубовите. Списокот го доставуваат селекторите, ни даваат извештај за секој репрезентативец“, велат од КФСМ за „Спортмедиа“.