Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити Вилфред Бони бележи голем пад, затоа што од настапи во најсилната англиска лига стигна до англискиот четвртолигаш Њупорт Каунти. Играчот на БС Коска моментално е без клуб по истекот на договорот со Свонси, во кој помина два мандати, а последните шест месеци играше за катарскиот Ал Араби.

Иако е слободен играч никој не го сака, па е принуден да тренира со четвртолигашот од Англија за да ја одржи формата – којзнае можеби ќе одлучи да потпише договор со нив.

30-годишниот напаѓач пред само четири години од Свонси прејде во Манчестер Сити за 30 милиони евра, но на „Етихад“ не се снајде. Во Свонси ги решеташе мрежите и беше еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата, а претходногршеше и во Витесе и во Спарта Прага.